Со оваа влада на СДСМ и на ДУИ неказнивоста и неодговорноста се симбол, што е директно разјадување на секој демократски систем. Јас не сум изненаден што никој од владата не е спремен да поднесе одговорност за овој огромен скандал. Прв кој што треба да поднесе одговорност е секако директорот на Агенцијата за национална безбедност, но исто така од тука не треба да се исклучат и министерот за внатрешни работи и премиерот. Директорот на АНБ треба да поднесе одговорност затоа што не направиле соодветна проверка при издавање на државјанството, додека министерот за внатрешни работи да потсетам дека стои позади аферата за 215 пасоши колку што знаеме, а веројатно се и повеќе, за белосветски криминалци, за трговци со дрога, за измамници и за убијци кои што сите имаат македонски пасош. Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Велес одговарајќи на новинарско прашање за став околу скандалот со издавањето пасош на украинскиот олигарх Онишченко и за тоа дали очекува да има одговорност од Директорот на АНБ, Виктор Димовски.
Тој исто така истакна дека тезите кои власта се обидува да ги наметне во јавноста за овој скандал бидејќи процедурата за издавање државјанство е јасна и се знае кај треба да се бара одговорноста за ваквиот пропуст.
„Во таа насока би сакал неколку тези да разбијам во јавноста. Првата за која што оди во јавноста од вчера е дека тоа не е одговорност на директорот на АНБ, туку на некојси секторски началник, што е апсолутно неточно затоа што одговорното лице е секогаш оној кој што го води соодветниот орган. Дополнително, образложенијата дека требало да се искомуницира со една или со друга организација не држат затоа што при издавање на државјанство има јасна процедура како треба да се направи. Тоа е прво. Второ и министерот за внатрешни работи, а и директорот на АНБ кажаа дека без разлика што ова лице е на црната листа на САД не мора да значи дека е криминалец. Да ја информирам јавноста дека на официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи на Украина постои активна потерница против ова лице уште од 2016 година. Значи уште од 2016 година Украина го бара и бара испорачување на ова лице и ова лице можеби затоа побарало македонски пасош со цел да не биде екстрадирано во Украина и да не одговара за злоделата кои што ги направил таму или криминалот кој тој го направил таму“, потенцираше Николоски и додаде:
„Стана навика на оваа власт да соработува со лица кои што се на црната листа на САД, па покрај актуелниот случај со украинскиот олигарх да потсетам дека пред скоро време МВР набави еден огромен информациски систем од компанијата „Инфинити“ која што е на црната листа на САД и е во сопственост на синот на Милорад Додик кој што исто така е на црната листа на САД. Така што стана навика за безбедносните структури во државата предводени од СДСМ и од ДУИ, министерот за внатрешни работи, директорот на АНБ да соработуваат со лица кои што се на црната листа на САД во исто време кога претседателот на Владата секој ден води кампања која што веројатно му ја напишал некој, колку што знаеме странски ПР експерт кој што скапо го плаќаат во која што тој се преставува како прозападен, а ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го престават како анти-западно. Епа тој прозападниот соработува и дели државјанства кои се на црната листа на САД“.