Почитувани,
редицата бесмислени и неинвентивни соопштенија на СДС продолжува.
Тие се импресионирале од работата на Александар Николоски па го поистоветуваат со Чак Норис. Знаеме дека СДС е во кома, но треба да знаат дека не е до Чак Норис туку до фактот што долго време се дегенерирани во неспособност и криминал па секоја редовна и чесна работа им изгледа за квантен скок.
За 7 години не изградија километар автопат, а оставија и пруга која завршува во тунел без втор отвор. Тоа е СДС.