25.11.2023

Нема потреба од паника во СДС, за сега не планираме да им земеме некој од коалицијата Левица – СДС – ДУИ, но нека кажат дали ќе се откажат од технички премиер од ДУИ?

Нема потреба од загриженост во редовите на СДС, ВМРО-ДПМНЕ нема намера во овие моменти да преземе било кој од коалициониот пакт на Левица – СДС – ДУИ.

Од друга страна Каевски треба да одговори дали е прифатливо за СДС да се откаже од технички премиер од редовите на ДУИ? 

Дали до толку СДС е седната во скутот на ДУИ?

Дали СДС мора да молчи и да прифати за технички премиер да постави човек од дувлото на криминалот и корупцијата во Македонија – ДУИ?

Дали СДС е до толку потчинета во однос на криминалците од ДУИ, па се спремни да ја брукаат и Македонија со технички премиер од дувлото на криминалот и корупцијата?