Анкетата на ИРИ ја покажува реалноста од катастрофалното и расипничко владеење на владата на Димитар Ковачевски и СДС.
Нема анкета на која води СДС и Ковачевски.
Резултатите од мерењето на јавното мислење на анкетата на ИРИ се јасен показател дека ВМРО-ДПМНЕ би била апсолутен победник на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ има најголема поддршка и доверба од 19 проценти од страна на граѓаните, за разлика од СДС со само 11 проценти.
Ова покажува дека граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат како единствена опција која гарантира промени, визија, надеж и иднина за сите.
Имено, дури 58 проценти од испитаниците сметаат дека со СДС и Ковачевски државата се движи во погрешна насока и само уште еднаш го потврдува она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборува изминатиот период, а тоа е дека Македонија тоне, а граѓаните се незадоволни.
Најпоразително за Ковачевски и СДС е тоа што дури 31 процент од граѓаните одговориле дека најголем проблем се високите цени, додека пак 29 проценти одговориле дека најголем проблем е сиромаштијата и нискиот животен стандард. 25 проценти од испитаниците се загрижени од економската ситуација, додека пак 21 процент од граѓаните сметаат дека ниските плати и пензии и нивното неисплаќање се главен проблем во државата.
Мнозинството од испитаниците односно високи 53 проценти сметаат дека македонската економија ќе се влоши, додека пак 53 проценти од анектираните граѓани одговориле дека нивниот квалитет на живот опаднал.
Ковачевски и СДС од Македонија направија држава на незадоволни и сиромашни граѓани.
Македонија со СДС и Ковачевски тоне по сите параметри.
И во делот на правосудството, анкетата покажува лоши резултати, односно само 4 проценти од испитаните граѓани им веруваат на правосудните органи.
Ковачевски е свесен дека ужива недоверба кај граѓаните.
СДС ги очекува убедлив дебакл на изборите.
Со вакви катастрофални политики рејтингот на Ковачевски и СДС се ближи кон НУЛА, и токму затоа бегаат од предвремени парламентарни избори.