Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави, дека Ковачевски е во коалиција со Арсовска и Левица, владата е одговорна за загадениот воздух.
Проблемот со приватните превозници во Скопје е резултат на криминогеноста на Ковачевски и Арсовска.
Доколку директорот на ЈСП кадар на СДС и Арсовска наместо договор за купување на гориво по цени како од бензинска обезбедеа рабат на тие цени како што е пракса, ќе се заштедеа 1.5 милиони евра, пари сосема доволни да се исплатат приватните превозници.
Доколку Арсовска и ЈСП ги исплатеа превозниците немаше да има проблем со превозот.
Во поглед на инвестициите за намалување на загадувањето, Арсовска и Ковачевски се во тесна трка кој помалку може да направи, а на крај и двајцата не прават ништо.
СДС е централна власт 7 години. И 7 години нема ниту еден значаен проект за намалување на загадувањето на воздухот. 20 милијарди евра потрошија низ буџетите изминативе години, и ниту еден проект за намалување на загадувањето на воздухот не реализираа.
Скопје се гуши заради неодговорноста и криминогеноста на СДС и Арсовска. На тајните средби на Ковачевски и Арсовска наместо да договараат тендери и профити, нека договорат мерки за почист воздух.