04.10.2022

Народот треба да знае дали дезертерот Ковачевски е неспособен за војска, а способен за тендери и богатење во време на криза

Народот вели кој лаже тој и краде. Дезертерот Ковачевски треба да и објасни на јавноста кога ја лажеше, дали кога велеше дека не го отслужил воениот рок поради школувањето, или кога велеше дека имал хируршки интервенции. Единствено кое може со сигурност да се потврди е дека Ковачевски има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ со која одбегнал да и служи на Македонија. Токму затоа треба надлежниот суд да ја провери и утврди неговата деловна способност.


Можеби деловната неспособност е причина за тоталната неспособност на власта. Една лоша одлука или еден погрешен потпис на документ, еден тендер,  може да е причина за економска и енергетска катастрофа. Дезертерот Ковачевски не треба да бега од одговори како за овој скандал, така и за аферата Броило. Народот треба да знае дали има премиер кој е неспособен за служење војска, ама способен за тендери и креирање на картели за богаење во време на криза.
Со почит,