Кога антимакедонската СДС се правда за неуспесите се повикува на кризата, ама очигледно нема криза кога се работи за „неопходните“ партиски вработувања со кои ги полни институциите.
Последниот случај е сопругата на пратеникот на СДС од Куманово Мартин Костовски. Имено неговата сопруга Ивана Костовска е од неодамна е нововработена во МНР преку преземање. Колку Повеќе Бујар Османи го полни министерството со неопходни партиски кадри, толку повеќе дипломатски порази бележиме како држава. Кој е квалитетот на Костовска исто како и претходно на Бесмира Ејупи, поради кој како неопходни кадри се вработувани во МНР? Дали толку нема други кадри во државата па токму сопругата на пратеникот на СДС Мартин Костовски е ухлебена во МНР?
Државата тоне, народот осиромашува, а Ковачевски, Османи и целата влада предводена од антимакедонската СДС се занимаваат со ухлебувања на блиски на партиските функционери. Околу една четвртина од вработените немаа земено навреме јулска плата, ама тоа Ковачевски не го занима оти е зафатен со неопходни партиски вработувања блиски до врхушката.
Затоа СДС е антинародна и антимакедонска. Нивната неспособност, неодговорност и криминализираност добива епски размери. Излезот е нивно што поскоро заминување од власт и одговорност за целокупната штета која ја направија.