05.02.2024

Народот вели немаме држава, Талат премиер заслуга на СДС

Народот вели немаме држава, Талат премиер заслуга на СДС.

ДУИ со 15 пратеника не може да избере премиер. СДС се тие без чии гласови Талат Џафери не можеше да стане премиер. СДС за ден повеќе власт го ставија Талат на чело на владата.

СДС се партијата без која криминалот на ДУИ немаше да биде можен.

За да останат ден повеќе на власт, СДС дозволија во изминатава година главниот донатор на ДУИ, Еуровиа, да добие тендери од неколку милиони евра.

За ден повеќе власт СДС го премолче преземањето на Соравиа од страна на Дрин Ахмети, без вложен денар.

Немаме држави и затоа што додека народот плаќа станбен квадрат во Скопје за 1.500 евра или повеќе, братот на Груби купува дуќан во строг центар за 700 евра квадрат.

Без СДС и нивното молчење или поддршка немаше да се случат криминалите на ДУИ. А СДС молчи затоа што со ДУИ и нивните криминали успеваа. 
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.