18.12.2022

Наместо на затворени игранки пред кооперации, ајде Таче охрабри се излези на избори да видиш народот што мисли за тебе

СДС се свесни дека со Ковачевски и Зечевиќ е завршено. Тоа го покажа партиската игранка во полупразна сала додека говореше Ковачевски.

Освен по некој аплауз од нивните членови, граѓаните одамна имаат препознаено дека со оваа криминогена власт единствено што добиваат е рекордна инфлација и сиромаштија. Впрочем што друго да се очекува од власт која генерира криминал и корупција, која го партизира правосудството за да ги штити додека крадат, додека лица со досие наместо во затвор се поставуваат на функција.

Со оваа власт предводена од Ковачевски европска иднина нема, затоа што ја направија Македонија земја рекордер по мизерија, рекордер по раст на цени и по најниска стапа на раст на економија.

Единствено што функционира во државата е тендер коалицијата со ДУИ, во која патем, Ковачевски е тој кој исполнува, слуша и прашува дали треба уште нешто. Така седнати во скутот на ДУИ, партијата на Ковачевски се претвори во приврзок. Партиска игранка на СДС го покажа уште еднаш стравот на Таче од избори. Пишаните говори се единствениот начин Ковачевски да каже нешто пред граѓаните. Реалноста од која бега е дека граѓаните немаат ништо реално добро почувствувано од оваа власт и затоа бараат избори.

Наместо на затворени игранки пред кооперации, ајде Таче охрабри се излези на избори да видиш народот што мисли за тебе.