26.02.2024

Наместо механизација за ископ во РЕК, ЕСМ набавува возила за 143 милиони денари

Не престануваат скандалите со набавките во ЕЛЕМ!

Низа скандали го тресат ЕЛЕМ со изнајмување на механизација и разни договори со Марковски компани. 

Од една страна се објавува огромен тендер од 46 м€ за ангажирање на механизација за потребите на РЕК Битола, а од друга страна се објавува оглас за набавка на 52 возила за потребите на Дирекција и подружниците, во износ од 90.268.092,00 ден без ддв.

Покрај договор за набавка на 52 возила од една фирма, склучен е уште еден договор за набавка на уште 30 возила во износ од 31.338.600 денари без ДДВ.

Што значи дека ќе се набават 82 возила и ќе се потрошат 143.495.896,00 денари со вклучен ДДВ.

Се поставува едноставното прашање зошто овие пари не се наменети за купување на механизација потребна за ископ?

Раководството во заминување гледа на секаков начин да причини поголема штета на претпријатието.

Линк од ФБ објава на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: