20.07.2023

Наместо да го промовираме, неспособната власт не присилува да го сокриваме Скопскиот аквадукт од туристите!

Секогаш е подобро да се спречи, наместо да се лечи, но во Македонија имаме власт со која и лекот – го НЕМА!

Разрушениот аквадукт, извадените и расфрлани камења од столбовите и лаковите, како и по некоја вреќа градежен шут, се тажен сведок за ремек-делото кое успеало да им пркоси на вековите, природните непогоди, па и на војните, но наместо денес со гордост да го промовираме, власта нè принудува да го сокриваме од очите на туристите.

Власта треба да е свесна дека аквадуктот е прогласен за културно наследство од особено значење и истиот му припаѓа на човештвото!

За жал, како и за сè друго, така и за аквадуктот имаме само најавен план за целосна реставрација и конзервација!

А ветуваа соодветна инфраструктура, сигнализација и информативни табли, зеленило, урбана опрема и сè што е потребно за локалитетот да стане достапен за посета.

Овде редно е да потсетиме на ветувањето од поранешниот градоначалник Петре Шилегов кој на оваа локација ЌЕ изградеше летна сцена со 600 до 1000 седишта и истата ЌЕ беше изведена на начин кој немало да и пречи на визурата на аквадуктот. Петре ЌЕ проектираше и ролерско-велосипедска патека до самиот аквадукт! 

Но, кога се на хартија, лесно „летаат“ ветувањата, а кога ќе дојде моментот за реализација….НИШТО!

Од друга страна, не знаеме дали градоначалничката на Скопје знае дека аквадуктот е под надлежност на Градот и дали воопшто го посетила за да види во каква состојба е!

Нејсе, ако го исчисти ѓубрето, можеби и ќе се сети и на аквадуктот.

Па така, иако скопскиот аквадукт е симбол на туристичката мапа на Скопје, туристичките водичи се принудени да го избегнуваат за да ја сокријат реалната слика на оваа неспособна власт.

И додека во нашиот двор го имаме овој прекрасен споменик на културата кого би го посакала секоја земја, нашата власт не е ни свесна дека со ваков однос кон културното наследство, ниту нè посакуваат, ниту пак, ќе нè примат во ЕУ!

Оттука, не е ни чудно што од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработија флаери со туристичките убавини од други држави.

Убавини имаме, но кој да ги одржува и промовира?

Одговорност мора да има и ќе има, а одговорноста се вика – предвремени парламентарни избори

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0SDjKX7jcLvRzLCu5T9W829vErZmazFK7J2X4qo34Ub6kDkqn4QqnCCLRof7Z1p1Ml&id=100087079596579!