Единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести повеќе не е во фунција, а тука се третираа најтешките педијатриски случаи од целата држава.Тука се хоспитализираа најмлади пациенти за кои е потребна изолација и хоспитализација – деца со тешки инфекции, ургентни состојби во педијатријата, меѓу кои и стрептококен токсичен шок синдром, високо вирулентен сој на стрептокок кој во повеќе земји е со доста летални исходи.За оваа алармантна состојба, здравствени работници реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.Апелираме до здравствените власти за итно преиспитување на одлуката со која е укинат единствениот Детски ургентен центар, отворен токму за оваа фунција со најсовремена опрема, со помош на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а донацијата беше исклучиво за оваа намена – Ургентен детски центар единствен во државата во јавното здравство и ова повеќе не фунционира.Огромен проблем на Детската клиника е и континуираниот одлив на кадар, со акцент на медицински сестри со што се доведува во прашање фунционирањето на оваа здравствена установа каде се третираат најтешките случаи од целата држава.