11.09.2023

Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски се во посета на САД каде што учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД. 

На покана на Амбасадата на САД во Македонија и Американскиот Стејт Департмент Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД. 

Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. 

Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија. 

Во следните денови тие ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа.