„Продолжуваме со теренските посети, продолжуваме со средбите со граѓаните. Тоа што е евидентно е дека има огромно разочарување. Разочарување од неспособноста на централната власт, разочарување од немањето капацитет за да се решаваат суштинските проблеми на граѓаните, а паралелно и со тоа енормната корупција на секое поле во општеството“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при денешната средба со граѓани во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“.
„Но, ние зборуваме и за денот потоа, за денот после изборите, кои промени треба да се направат, кои реформи му се потребни на македонското општество, како Македонија да ја обновиме и Македонија да биде успешна земја, земја во која што граѓаните имаат надеж за утре“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски додаде нема ништо посилно од народот. Народот е тој мудриот кој што знае што е најпотребно на Македонија. И народот за помалку од една година со сигурност ќе донесе промени, промени кои што ќе значат просперитет, реформи и надеж.