29.09.2023

Мицкоски: Што прави Ковачевски кога се носат законите како тој за aмнестија, нека не се однесува како турист на седниците на Влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гази Баба каде што присуствуваше на увид на градежни активности во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“, беше запрашан и за коментар за најавениот Закон за амнестија, за кој премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе поднесат амандман ако со тоа законско решение се опфаќаат и лица осудени за случајот „Монструм“, при што прашува што прави премиерот на седници на Влада кога се усвојуваат ваквите закони.

„Премиерот Ковачевски, се надевам дека не е турист на седницата на Влада и кога ќе дојдат предлог текстовите на законите, добива детална информација што содржат тие предлог закони, а посебно вакви, би рекол, многу специфични закони и самиот ги чита. Доколку тоа не го прави, тогаш треба час поскоро да си замине од местото кое што во моментов го зазема, затоа што не е достоен за тоа место. Законот уште не донесен во Парламент зборуваме за амандмани кои што доаѓаат од самата влада. Па што правеле, се поставува прашањето, сите тие на таа владина седница кога се разгледувал овој закон“, прашува Мицкоски.

Мицкоски додава дека одамна е заминато времето за оваа влада на СДСМ-ДУИ и цени дека колку побргу заминат, толку подобро ќе биде за сите граѓани на Македонија, колку побргу овој недостоен претседател на владата замине, толку подобро ќе биде за сите граѓани и за самата Македонија.