14.07.2023

Мицкоски: Уставни измени нема да има, народот има реални и суштински проблеми, кои власта не ги решава, и заради кои Македонија е заглавена

-Јас разговарав вчера со тројцата министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка имавме навистина аргументирана дебата во Парламентот ги кажавме нашите ставови, тие ставовие се исти непроменети и ако некој ја изолира Македонија, тоа се криминалците од власта поради нивото на криминал и непособност да спроведат реформи. Промената на Уставот не е критериум како што вие велите за изолирање на Македонија, а од друга страна пак од истите тројца добив уверување дека во ниту еден момент не го кажале зборот изолирање, туку рекле ќе има задоцнување во процесот, а задоцнување во процесот ќе има заради тоа што владата на Ковачевски потпиша договор под бугарски диктат кои што народот не го прифаќа и надвор од политички консензус. Основен виновник ако Македонија задоцни во процесот е оваа криминална влада затоа што освен тоа што потпишува договори на слепо, многу краде и е неспособна. Се ова да беше спротивно од она кое јас го зборувам ние денеска ќе зборувавме за отварање на кластери, отварање на поглавја и така натаму, но и тоа ќе се случи. Со промена на оваа влада ќе дојдат луѓе кои што знаат како да ја изведат Македонија од оваа состојба во која што се наоѓа, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната посета во Прилеп.Мицкоски укажа дека иако наредната недела најавени се посети на 3 министри за Европа на Сојуз на Република Германија,  на Франција и на Полска и порача дека доколку доаѓаат за уставните измени пораката и аргументите на ВМРО-ДПМНЕ  се исти.-Во право сте следната недела најавени се 3 министри за Европа на Сојуз на Република Германија,  на Франција и на Полска. Повторно ќе кажам доколку доаѓаат за уставните измени нашата порака е иста, нашите аргументи се исти. Од таа страна јас не слушам нова поента, и ако доаѓаат за тоа навистина ќе бидам разочаран и загрижен бидејќи овој народ овде а и низ цела Македонија последна работа која што им паѓа на памет се уставните измени. Луѓето имаат реални, суштински проблеми како да го поминат месецот од први до први, како да се подготват за следнат учебна сезона, за следната грејна сезона. Земјоделците важно им е дали ќе има уставни измени или ќе го продадат производот по тоа по кое што пот и крв давалче, тоа е суштината.Луѓето умираат по ходници во болниците, децата добиваат учебници на крајот од учебната година и така натаму, кажа  тој.На крај Мицкоски порача:-Имаме ние многу суштински, реални проблеми кои што се многу поважни  од тоа кое што треба да ги одржи уште некој месец повеќе на политичката сцена луѓето кои што немаат народен легитимитет  како Маричиќ, Ковачевски, Османи и останата група таму во владата.