Важно е Скопје да се развива, затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се такви какви што сте ги имале и тогаш патиштата може да ви се разотидат на различни страни. Важно е патот на ВМРО-ДПМНЕ да биде вистинскиот, а тоа е Скопје да биде метропола каква што заслужува да биде. И преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје така и ќе продолжиме да делуваме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со Стопанската комора одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања поврзани со град Скопје.
Мицкоски истакна дека што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има претседатавач таму е проф. Трајко Славески, има мнозинство, но тоа се флуинди работи, важно е политиките да се чесни, принципиелни и во насока на тоа за кое што се залагате.
– Во еден момент ако се разотидуваат мислењата и сфаќањата не е ништо страшно да се случи тоа. Секој проект поврзан со Град Скопје и кој е во вистинска насока без разлика дали ќе дојде од мнозинството или од Арсовска, ќе ја има нашата поддршка како што беше досега. Секој проект кој ќе оцениме дека не во насока на добри политики и развој на скопјани нема да го поддржиме, рече Мицкоски.
Во врска со Ѓоко Велковски досегашниот генерален секретар и Златко Перински досегашен директор ЈП Водовод и канализација Мицкоски истакна дека и двајцата се чесни и имаат недвосмислена поддршка од партијата.
– Вистината е следна, и Ѓоко Велковски доскорешниот секретар кој денеска ја напушти таа позиција и Златко Перински имаат моја недвосмислена поддршка верувам во нивниот чесен карактер и чесно работење и тие остануваат дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина. Што се однесува до Перински можам да кажам дека постигнува исклучително високи финансиски резултати во работењето на ЈП Водовод откако е поставен. Во првиот квартал има зголема добивка, за 50 милиони денари поголема наплата и тоа се резултати за почит, јас би посакал да имам таков соработник, а некој за жал не успева да ги искористи нивните капацитети, изјави Мицкоски.
Во врска со набавката тој потенцираше дека тоа е набавка од 2019 година кога градоначалник бил некој друг, идека е проект финансиран од Светска банка преку Европската инвестициона банка, позади кој стои државата со свој претставник, министерство за животна средина и од тоа што знам од страна на финансиерот сите документи се доставени без приговор.
– Ако некој може да има толкава моќ да влијае и врз Светска банка и врз Европската инвестициона банка, јас би му честитал јавно ако е толку моќен. Јас во името на овие луѓе не гледам таков. Ова е сериозен проект и апелирам до новиот директор, да го заврши затоа што е битен за скопјани, Скопје за жал е град кој се уште нема прочистување на отпадните води затоа имаме чувство на миризба кој доаѓа од Вардар и ќе го охрабрам да се реализира овој проект и да не пропадне како што пропадна една друга инвестиција и покрај што имавме добри намери да ја одржиме во живот. Ги охрабрувам Арсовска, новиот секретар и новиот директор да го реализираат овој проект, изјави Мицкоски.