03.01.2023

Мицкоски: СДСМ од профитабилна компанија од АД ЕСМ направи најголем загубар затоа што крадат, со 200 милиони евра буџетски пари ги покриваат загубите

Минатата година 2022ра од централниот буџет според податоците кои што се јавни и ги има Отворени финансии (Open Finance) префрлени се околу 200 милиони евра на АД ЕСМ. Повеќе од 200 милиони евра, тоа не се случило. Се сеќавам 2015тата, 2016, 2017тата година тогаш ЕЛЕМ, днешно АД ЕСМ префрлуваше пари на други јавни претпријатија за да работниците од тие јавни претпријатија добијат плати. За само 5 години го направија најголем загубар, и ако ме прашате зошто  тоа така, бидејќи договараат тендери во четири очи, затоа што крадат.Крадат на увозот на јаглен и транспортот на истиот, крадат на уозото на мазут и транспортот на истиот, крадат на тендерите и ископ на јаглен и јеловина. И сето тоа предизвикува да денеска ЕЛЕМ, односно ЕСМ се најде во ваква состојба, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговрајќи на новинарско прашање како ја оценува состојбата со енергетиката изминатата 2022ра година. 
Мицкоски истакна дека од профитабилна компанија со 25 милиони евра во банки и 7 милиони на сметка, без долгови која ја оставил, владата на СДСМ успеална да направи најголем загубар во Македонија, додавајќи дека само за една година компанијата земала околу 200 милиони евра државна помош.
Од таму некаде 7 ноември до крајот на 2022 година АД ЕСМ само за увоз на електрична енергија плати повеќе од 45 милиони евра. А целата 2022 година доби донации од централниот буџет повеќе од 200 милиони евра. Ете така работи оваа влада на СДСМ од профитабилна компанија која што ја оставив со 25 милиони евра депозити во банки и околу 6-7 милиона на сметка без долгови, со исплатена плата за само 5 години успеаа да ја направат најголем загубар во Македонија, потенцираше Мицкоски
Мицкоски порача дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати компанијата на вистинска патека и ќе ги санира сите проблеми и штети кои ги има направено  владата на СДСМ изминатите 6 години во делот на енергетиката.
Но, не треба да очајуваме и да губиме надеж бидејќи после предвремените избори доаѓа раководство кое што ќе знае да го санира овој проблем и ќе може практично АД ЕСМ на тие патеки кои што беше пред 5-6 години, рече тој.