Шокантна беше сликата за прв пат видена не само во Македонија, мислам и пошироко со коктел да се одбележи крајот на грејната сезона и со благодарници. Прво со неверување го примив сето тоа, но кога продолжив да ги гледам прилозите сфатив дека навистина тоа се случило, дека премиерот наместо да пушта или отпочнува проект, тој приредува коктел затоа што ја завршиле грејната сезона, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговата посета во градско одговарајќи на новинарско прашање за коктел забавата со која власта одбележа крај на грејна сезона.Мицкоски потенцираше дека кога мислиме дека го допреле дното тие копаат уште подлабоко надоле и можат да одат подлабоко и којзнае што шокантно може да ни приредат овие неколку месеци додека се уште се влада.- Работата е алармантна, повеќе од 200 милиони евра пари на граѓаните по пат на трансфери од буџетот беа префрлени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ за да може едвај да ги задоволи потребите на стопанството и граѓаните со електрична енергија и затоплување. Бизнис заедницата едвај крај со крај врзува, едвај успева да обезбеди средства да исплати плати за вработените кои така ги хранат своите семејства затоа што не добија никаква помош и поддршка од владата за справување со енергетската криза. Беа оставени сами на себе, истакна Мицкоски.Тој посочи дека добра вест е што доаѓа одговорна влада набргу од сега, која знае како да го реструктуира енергетскиот сектор, а потоа да овозможи на стопанството правилно да се развива и да обезбеди енергенс со кој ќе може да се развиваат и да додаваат додадена вредност на своите производи и да обезбедуваат навремена плата, така вработените ќе ги задржиме дома.