02.08.2022

Мицкоски: Пендаровски не е државник туку поданик, му наредија и направи салто мортале и ја повлече поддршката за референдумското изјаснување за рамката

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Канал 5 во однос на ретерирањето на изјавите за референдумското изјаснување на претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека воопшто не е разочаран бидејќи како што рече ставот на Пендаровски не му значи, како и дека единствено што покажал Пендаровски со ова е дека e поданик, а не државник.

Јас би бил разочаран од  став на човек чие што мислење ми значи. Имајќи во предвид дека ставот на претседателот Пендаровски мене воопшто не ми значи не можам да кажам дека сум разочаран, едноставно само го чекав денот кога ќе го направи ова салто мортале, вели претседателот Мицкоски.

Го чекав тој ден кога ќе добие насока практично од државник се претвори во послушник и ќе се врати на оригиналните позиции кои што ги имаше пред да го даде тоа интервју во еден неделен весник кој што навистина не знам како успеал да му протне таков став. Но еве се корегираше, па да сумирам би бил разочаран од некој чии што став ми значи. Но имајќи во предвид дека неговиот став воопшто не ми значи можам да кажам дека не само што не сум разочаран, туку уште еднаш на отворена сцена пред граѓаните кажа колку погреши, кажа Мицкоски.