18.04.2023

Мицкоски оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром.

Во текот на средбата се говореше за актуелните проблеми со кои што се соочува Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски укажа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Но, исто така потенцираше дека овој актуелен пратенички состав нема мандат од граѓаните да учествува во таков процес.

ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ. Република Македонија треба да биде дел од големото европско семејство, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.

Исто така на средбата се говореше дека Македонија со оваа влада тоне во корупција и криминал. Македонија со владата на ДУИ поддржана од СДСМ запаѓа во се потешка економска криза и граѓаните осиромашуваат.

Во текот на разговорите се говореше и за нефункционалните мерки на власта кои не раѓаат со плод.