05.04.2023

Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска и претседател на ХДЗ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска и претседател на ХДЗ.

На средбата беа потврдени добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Хрватска.

Се говореше и за активната соработка помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ при што се нагласи дека и понатаму таа соработка ќе продолжи и ќе се надоградува.

На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата.

Претседателот Мицкоски истакна дека Македонија треба да биде дел од големото европското семејство и Македонија единствено ја гледа како рамноправна членка на ЕУ за што ја побара и поддршката од пријателска Хрватска.

Во текот на разговорите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја истакна и загриженоста за тешката економска состојба во која што се наоѓа државата, инфлацијата и растечката сиромаштија.