14.02.2023

Мицкоски: Овој парламентарен состав брзо ќе го заврши својот мандат, тие нема да стигнат до 2/3 за уставни промени и на избори ќе изгубат

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски по повод празникот св. Трифун беше во општина Кавадарци исто така таму од медиумите беше запрашан дали очекува дека Владата ќе стигне до 2/3 мнозинство за уставни измени. На истото тоа прашање тој одговори дека  со овој парламентарен состав тој не очекува дека власта ќе стигне до 2/3 мнозинство.

„Овој парламентарен состав очекувам многу скоро да го заврши својот мандат, и откако ќе го заврши својот мандат, да одиме на брзи предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека се надева што поскоро на брзи предвремени парламентарни избори.