25.02.2023

Мицкоски:  Објавувањето на скандалите на ДУИ се само почеток во разобличување на криминалот на политичарите од владата на ДУИ и СДСМ и тука нема да застанеме, за коалицискиот капацитет одлучува народот на избори

При денешната посета на општина Велес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што во последниот период ВМРО-ДПМНЕ излезе со низа скандали за работењето на ДУИ и дали со тоа смета дека можеби се намалува коалицискиот капацитет или е тоа решителна борба со расчистување на криминалот, истакна дека ова е само почеток и има многу материјали за разобличување на криминалот на политичарите од владата на ДУИ поддржана од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тука нема да застане со објавување.

„Ние единствено нешто што правиме во периодот и ќе правиме, ова е само почеток е разобличување на криминалот на политичарите од владата на ДУИ поддржана од СДСМ и тука нема да застанеме. Ќе продолжиме и понатаму, верувајте, имаме доволно материјал да ја запознаеме македонската јавност и кои се криминалците и кои се криминалните зделки на тие политички криминалци. Дали го намалуваме коалицискиот потенцијал ќе каже народот на денот на изборите, народот е суверен на оваа држава и народот на избори кажува кој има кој нема коалициски потенцијал. Јас сум уверен дека нашиот народ е мудар, нашиот народ знае да оцени и знае да процени, и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромно мнозинство гласови во Македонија, и следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.