02.09.2022

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари

Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ!!!

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 6ти до 12ти Август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 254,7/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 310,37 €/MWh или по денови:

6/Август 281 €/MWh

7/Август 207 €/MWh

8/Август 312 €/MWh

9/Август 317 €/MWh

10/Август 304 €/MWh

11/Август 337 €/MWh

12/Август 414 €/MWh

Разликата во цена е:

1750 MWh x (310,37-254,7)€ = 97.422,5€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

Линк од ФБ статус: