03.03.2023

Мицкоски: Лошите политики на владата доведоа до празни рафтови за леб, граѓаните го немаат основниот производ на располагање

Граѓаните треба овој основен производ, лебот да го добијат по најниска цена којашто треба да ја има. За жал егзибиционистичките и лошите политики на оваа влада, големата инфлација, рекордна во Европа, Македонија има двојно повисока инфлација споредено со ЕУ, доведе до тоа да покрај тоа што пред неколку месеци имаше редици за нафта и бензин, денеска да имаме празни рафтови за леб, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Гази Баба.

Мицкоски потенцира дека ваквите политики на власта не доведоа до тоа како во годините од поранешната држава кога за жал основните артикли граѓаните не може да ги имаат на располагање.

– Затоа често пати споменуваме дека оваа влада треба да замине. Колку подолго седи таму, толку повеќе системот и институциите се нефункционални и толку побргу Македонија назадува, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека токму поради тие погрешни политики и изнудени решенија нас денеска ни се случува да ни се празни рафтовите и граѓаните да го немаат лебот како основен производ на располагање.

– Колку побргу заминат толку подобро за Македонија, рече Мицкоски.