21.09.2022

Мицкоски: Ковачевски во најмала рака треба да биде искрен, да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место во Владата

Кога човек ќе се нафати и ќе амбицира и пледира за позицијата претседател на влада, треба да има нешто дадено за државата. Така да во најмала рака мислам дека треба да биде искрен и да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место на Владата затоа што во јавноста се појавија две контрадикторни тврдења од страна на Ковачевски.

Најпрвин како оправдание го користеше своето образование, бидејќи го завршил факултетот па се запишал на постдипломски студии, па потоа откако ги завршил тие постдипломски студии веќе отслужувањето воен рок не било веќе задолжително и заради тоа тој не бил, за да неколку месеци потоа, осум месеци потоа даде изјава дека имал медицински пречки и не можел поради тие хируршки интервенции да присуствува. Сега тој може да ја извртува вистината во СДСМ или помеѓу колегите во Владата но факт е дека тој дезертирал. Јас сум три години помлад од него и јас магистрирав и како магистер се пријавив доброволно во 2003 и 2004 година и го отслужував својот воен рок во гардискиот баталјон.

Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу премиерот Димитар Ковачевски и неговото дезертерство од Армијата.

Мицкоски исто така додаде дека Ковачевски се обидува да се оправда со лаги како што прави сѐ оваа влада, а кога не успева лагата се прават жртви за на емпатија да добијат симпатии, што е одраз на слаби луѓе и слаби карактери.

„Тезата дека поради образование не бил, па бил спречен, па потоа не било повеќе законски задолжителен воениот рок е лажна теза, како се што прави оваа влада лага. Имаат два начини како да се обраќаат пред граѓаните и да рефлектираат пораки, првото е лажење а второто обид да се прикажат како жртва и на емпатија да добиваат симпатии. Тоа го прават само слаби луѓе и слаби карактери“, потенцираше Мицкоски.