03.10.2023

Мицкоски: Кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ е обединување на секој еден протестен глас кон политиките на власта, повикувам на мобилизација и масовност бидејќи од народот зависат промените

„Мислиме дека е важно да се обедини секој оној протестен глас во смисла протест кон политиките на Владата. Да нема дисипација на тие гласови кон помали политички опции, сателити на Владата на ДУИ и СДСМ. Да се обедини секој протестен глас околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Да се обедини секој еден глас околу оваа коалиција за да не залута кај оние условно кажано опозициски партии кои на дневна основа фингираат и креираат политики заедно со Владата на ДУИ и СДСМ“, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посета на Охрид во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Тој додаде дека алармот е веќе вклучен и ги повика граѓаните будно да ја следат оваа акција бидејќи од нив зависат промените.

„Затоа е многу важно. Алармот е веќе вклучен и јас ги повикувам граѓаните будно да ја следат оваа акција бидејќи од нив зависат промените. Од секој граѓанин зависат промените, потребна ни е мобилизација, после потребна ни е масовност на следните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да добијат мнозинство за да можат бргу да ги спроведат реформите кои ќе бидат составен дел од програмата која ќе биде презентирана за време на кампањата на следните парламентарни избори“, изјави Мицкоски.