02.11.2023

Мицкоски: Извештај од ФЗО кажува дека „Дивото месо“ и скандалот на Oнкологија се уште се случува, канцер мафијата непречено си работи и денес

„Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО  Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Претседателот додаде дека периодот кој е опфатен во извештајот е за две години.

„Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, т.е. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам,  тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година“, кажа Мицкоски.

Претседателот е дециден дека животот на човекот е неприкосновен.

„Доколку внимателно го анализирате Извештајот колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен. Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО  Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија. Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам,  тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година“, заклучи Мицкоски.