-Владата повторно е нефер и нечесна кон оние кои што си ги завршуваат обврските и кон граѓаните и кон буџетот и кон Македонија односно сите оние кои што ги плаќаат редовно своите давачки кои што се лојални граѓани, сега ќе треба да плаќаат повеќе, а на сметка на тоа тоа оние кои што и досега не плаќале односно кои што се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Вевчани одговарајќи на новинарско прашање поврзано со законот за солидарен закон.Мицкоски во текот на своето обраќање направи споредба со случајот во Слупчане каде граѓаните бараат да не ги плаќаат заостанати сметки за струја и оние кои што направиле заработка со напорна работа и сега треба да плаќаат дополнителен данок.-Замислете денеска што нас ни се случува. Цела влада, последните неколку денови е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија, конкретно зборувам за селото Слупчане да ги убеди граѓаните да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по природата на нештата и по закон треба да го прават, значи ги убедува граѓаните на Слупчане да плаќаат сметки за електрична енергија. Еве да речеме овде во Вечани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98% на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе овде позади мене во Вечани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилигирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух транформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот, рече Мицкоски.Мицкоски заклучи дека :Не смее да има привилигирани, не смее тие во Слупчане да се привилигирани,а овие овдека во Вевчани и било каде во Македонија на други места да ги плаќаат своите сметки.