Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д- р Христијан Мицкоски на денешната изјава одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на најавите на Владата на СДСМ за ново поскапување на цената на електричната енергија од први јануари, изјави дека тие предупредувале дека ќе дојде до ново поскапување на струјата бидејќи како што рече власта нема ниту план, ниту пак знае каде ја водат работата, а единствено што прави е да го крадат и задолжуваат народот.
Ние рековме дека тоа ќе се случува, дека тие немаат план и дека не знаат каде ја водат целата оваа работа, за да можат да врват тендерите во четири очи и да крадат, нормално е дека има требаат повеќе пари. И прашањето е како да ги обезбедат тие пари, или ќе го задолжат народот или ќе го крадат народот. Они одлучуваат и да го крадат и да го задолжат народот. Ете таква е политиката на СДС-ДУИ и да го крадат и да го задолжуваат народот, дециден е Мицкоски.