27.07.2023

Мицкоски за Иловица: Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот

Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот, рече лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец коментирајќи ја најавата за изнаоѓање на решение за рудниците Иловица.Според Мицкоски јасни се ставовите на Владата.„Јасна е позицијата таму. Станува збор за бизнис интереси на оваа Влада пред се тука мислам на поголемиот партнер во Владата, ДУИ. Повторно не можам да разберам зошто СДСМ ги брани бизнис интересите на ДУИ во Струмица, но времето ќе покаже која била вистината“, рече Мицкоски.Мицкоски најави дека ситуцијата во врска со рудниците дополнително ќе се решава од идната влада.„Дополнително идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимава со овој случај. ВМРО-ДПМНЕ е зад интересот на граѓаните и на Македонија“, кажа Мицкоски.