19.07.2023

Мицкоски за законот за зголемување на ДДВ-то за храната: Владата директно удира врз стандардот на граѓаните

Тоа дополнително ќе биде удар врз стандардот на граѓаните покрај екстремно високата инфлација која што се случува изминатава година дена, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после средбата со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу законот за зголемување на ДДВ-то за прехранбени производи кој Владата сака по брза постапка, со европско знаменце да го донесе во Собранието.

„Дополнително зголемување на цените ќе биде директно на штета на стандардот на граѓаните. На оваа ненародна влада, единствено нешто што и преостанува е да собере што е можно повеќе пари во буџетот, а потоа преку крадење, тендери во четири очи, знаете како и во минатото се носеа закони на шверцерски начин во Парламентот, да дели провизии и да краде“ потенцираше Мицкоски и додаде:

„Тоа е суштината и тој е начинот на работење на оваа влада“