Смешни се овие гимнастики на помалиот коалициски партнер СДСМ. Ова е обид да глумат патриоти откако распродадоа се што можеа да распродадат овие шест години. Вака денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Вевчани, ја коментираше иницијативата на СДСМ за декларација Илинден доставена во Собранието.„Инаку прво да ја видиме декларацијата, да видиме и таму да не има некакво скриено предавство, бидејќи кога ќе доаѓа нешто од помалиот коалициски партнер во Владата СДСМ треба многу убаво да прочитате да не има уште некое распродавање на македонскиот супстрат и македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.Мицкоски укажа „ако нема ништо спорно, не само што ќе ја поддржиме, туку и ќе ја надградиме“.„Бидејќи се сеќавате уште минатата година зборувавме за една декларација за македонскиот великан Гоце Делчев кога овие од СДСМ се потсмеваа, односно велеа дека таков тип на декларација тие немале да поддржат бидејќи заштитиле не знам што“, кажа Мицкоски.Мицкоски заклучи дека во суштина оваа Влада „распродаде се што можеше да се распродаде“.