25.04.2023

Мицкоски: ДУИ и СДС кратат од средствата за општините и за дотации, владата не им дава поддршка на општините за проекти, тие сами се снаоѓаат и функционираат

При денешната посета на општина Градско, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е односот на централната власт генерално со општините истакна дека ситуацијата е секаде слична се кратат средства, дотации, нема реализација на проекти  и нема поддршка од централната власт кон општините.„Секаде  е слична ситуацијата се кратат средства, се кратат дотации, нема реализација на проекти ,единствено нешто што е почнато со програмите од претходните години, нема нешто ново, нема поддршка знаете и самите во отсуство на нормално функционирање на релација на општини влада, голем дел од општините се одлучија да издадат за прв пат што претставува едно креативно решение општински обврзници го знаете случајот со општина Штип од минатата година, тоа се средства кои што беа наменети за капитални проекти кои што ќе бидат реализирани во самата општина, за жал владата ја тргна таа точка од дневен ред и покрај тоа што беа обезбедени сите позитивни мислења и од министерството за финансии и од комисијата за хартии од вредност и од македонската берза практично се што требаше законски да биде обезбедено беше обезбедено но за жал имајќи го предвид карактерот на оваа влада ДУИ поддржана од СДСМ, Ковачевски одлучи на владина седница да ја тргне таа точка од дневен ред без да даде образложение зошто тоа го прави и штипјани останаа за жал минатата година во неможност да бидат реализирани капитални проекти во вредност од 5 а некои општини и повеќе милиони евра како што е случајот со Прилеп, Гази Баба, Аеродром и останати општини кои што влегоа во еден процес на издавање вакви општински обврзници. Но повторно ќе кажам добрата работа е што за неколку месеци од денес тие ќе доживеат катастрофален пораз, после кој за нив ќе следи процес на одговорност и се надевам конечно една катарза во рамките на СДСМ да се врати на оние патеки кои што и прилегаат на оваа политичка партија каква што беше можеби во минатото, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме фокусирани и ќе се насочиме во работа и реализирање на проекти кои што ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните. Тоа е нашата цел“, нагласи Мицкоски.