01.10.2022

Мицкоски до Ковачевски: Дезертиравте од дебата и средба, ве канам на средба во ВМРО-ДПМНЕ да ви го кажам излезот од енергетската криза, бидете поголеми од вашата суета

Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски.
Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност.
Го повикав на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере. Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време.
Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање.
Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на владата. Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Fatmir Bytyqi на состанок во Недела (2/октомври/2022) во 12 часот во Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот.
Бидете поголеми од вашите суети и одважете се кога тоа е потребно за Македонија.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02YNnrgxSjB9pCNoDd3DoEYKGF7y7rsR2brmn1i7a17KbnCMDF2yLahZrPdT37JW57l