16.11.2022

Мицкоски: Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, послушниците на власта од аферата „Паразити“ книжат илјадници евра месечно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зрновци одговарајќи на новинарско прашање за аферата „Паразити“, истакна дека во тешки времиња кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, лицата кои се слепи послушници и главоклимачи на власта на СДСМ и ДУИ и се споменуваат во аферата, книжат илјадници евра месечно.
„Живееме во многу тешко време, многу сложено времекога народот едвај крај со крај врзува од 1-ви до 1-ви. Навистина многу тешко време со многу предизвици пред сѐ економско-социјални и кога сето тоа ни се случува, кога гледаме дека луѓето едвај го поминуваат месецот имаме една мала група на наши сограѓани, слепи послушници на власта на СДСМ и ДУИ кои што книжат месечно илјадници евра, а годишно стотици илјади евра и тоа го прават без срам, без ни малку чуство за тоа што граѓаните буквално мизеруваат. И наместо да се солидаризираат, слушам вчера еден од тие вели, па мала била директорската плата од 80, 90, 100 илјади денари. Јас сум редовен професор на Универзитетот и мојата плата е двојно помала од таа. Јас сум редовен професор избран 2019-тата година и мојата плата како доктор на науки, како редовен професор кој што треба да биде педагог и образува луѓе е двојно помала од таа. Сега замислете со што заслужил овој слеп послушник и главоклимач на власта да има двојно поголема плата од редовен професор, можеби тројно поголема плата од просечната во државата и неколкукратно поголема плата од работниците кои што 8 саати поминуваат на своите работни места за да ги прехранат своите семејства. Тажно и жално“, истакна Мицкоски.
Тој исто така праша и дали премиерот Ковачевски се чуствува лошо како кога ја предаваше Македонија и сега кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а тие околу него се богатат на грбот на народот.
„Кога зборува Ковачевски дека чуствува како со нож да го боделе кога ја предаваше Македонија и македонскиот идентитет. Не знам како му е сега чуството кога гледа како граѓаните едвај крај со крај врзуваат, а неговите околу него се богатат на грбот на тие граѓани и дали сега има мачнина и тежина во стомакот и дали сега го бодат со нож или тоа само кога ја предава Македонија и тогаш само го чуствува тоа чуство. Тоа сакам да го прашам еве од овде од Зрновци каде што луѓето споделија со нас многу тажни судбини и навистина се чудам и им честитам како успеваат да се мотивираат и да продолжат понатаму“, потенцираше Мицкоски.
Тој додаде дека решението за ваквата состојба е да се направи една сериозна чистка на овие луѓе и нивелирање на примањата во услови на криза со цел да можат достоинството да го почуствуваат и работниците, а не само неколкумина слепи послушници на власта.

Со почит,