11.12.2022

Мицкоски: Градоначалниците од власта не дадоа отчет за тоа што сработиле и каде ги потрошиле парите на граѓаните, а тоа ја покажува политичката матрица на СДСМ и ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната на општина Велес каде што се одржа четвртиот ден од настанот „Твојата идеја за промена“ одговарајќи на новинарско прашање за тоа што мисли за работењето на  градоначалниците од власта, истакна дека тие не дадоа ниту отчет за сработеното во изминатата една година и каде ги потрошија парите на граѓаните, ниту пак се отворени за граѓаните учествуваат во креирање буџетите за наредната година како што тоа го прават градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа само ја покажува политичката матрица на власта на СДСМ и ДУИ.

„Не забележав од тие градоначалници од власта кои што не се малку, мислам дека се 15-16 од СДСМ и околу 10-тина од ДУИ. Ниту дадоа отчет што сработиле изминатата една година, каде ги потрошиле парите на граѓаните, каде ги потрошиле дотациите од централниот буџет, бидејќи овие каде што се од ВМРО немаат дотации за капитални проекти, тие се фокусирани каде што имаме градоначалници од власта. Не дадоа отчет, а сега немаат отворени денови за креирање на буџетот за следната година, не знаеме каде ќе ги трошат тие пари, но тоа покажува само каква е политичката матрица на власта на СДСМ и ДУИ, на оваа самобендисана власт, а сега веќе и од меѓународните претставници е преставена и портретирана како многу криминогена и криминална власт. Но тоа е нивен проблем и тоа ќе го проценат граѓаните на следните предвремени парламентарни избори и јас сум убеден дека жестоко ќе ги казнат, затоа бегаат од предвремени парламентарни избори“ истакна Мицкоски и додаде:

„Затоа се тука градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои што покажуваат зрелост, храброст, чесност отвореност, транспарентност и сите оние карактерни особини што треба еден современ народен политичар да ги поседува и јас ги охрабрувам во иднина така и да продолжат“.