28.04.2024

Мицкоски: Волјата на граѓаните треба да се почитува, Силјановска Давкова има повеќе гласови заедно од двајцата кандидати на власта, Пендаровски и Османи

„Треба да се почитува волјата на граѓаните и граѓаните одлучија. Ако го анализирате изборниот резултат, ќе дојдете до следниот заклучок, дека владините кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи освоија вкупно 300,000 гласа. Ако го гледате резултатот кој го одлучија граѓаните а тоа е резултатот на Гордана Силјановска Давкова идниот претседател и  градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари тоа е близу 450,000 гласа што значи за еден и пол пати повеќе“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежни активности во Општина Аеродром.

Претседателот Мицкоски истакна дека народот кажал, идна влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „Влен“.

„Одлучија граѓаните, јас жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог и многу силен, а во позадина ни праќа емисари и би рекол безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со „Твоја Македонија“ коалицијата, жалам што Али Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават условно кажано криминал и да ја ограбуваат Македонија и жалам што Али Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници кои набргу од денеска, македонската јавност, сите граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност ќе бидат сведоци, а за што имаме голем број докази“, вели Мицкоски и додаде:

Народот кажа, идна коалиција во Македонија ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „Влен“.