„Многу тешка есен и катастрофална зима не очекува, со информациите со кои што јас располагам. Еве завршува јули почнува август, за еден месец од денеска започнува учебната година, а за два ипол месеци од денеска почнува грејната сезона. Немаат обезбедено мазут, немаат обезбедено гас, се редат договорите во четири очи за ископ во РЕК Битола, но не за вистински ископ туку за трупање во џебови на приватни лица и партиски каси“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање каква есен и зима ја очекува Македонија.
Мицкоски додаде дека ако така продолжат од власта да се однесуваа неодговорно, Македонија ја очекува доста тешка зима со скапи енергенси, со голем удар по џебот на граѓаните и не ги исклучува ниту рестрикциите.
„И ако така продолжат, а не очекувам развој на настаните затоа што се знае кога треба се да е обезбедено, односно треба да е обезбедено во мај, а не сега да се обезбедува во 5 до 12. Очекувам да имаме исклучително сложена зима со многу скапи енергенси, со многу голем удар по џебот на народот и не ги исклучувам рестрикциите кои што мислам дека ако вака продолжат да се однесуваат ќе бидат неминовност“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И треба да сме сите свесни ако оваа Влада остане, час поскоро ни се подготвува тотален колапс на државата“, рече Мицкоски.