28.07.2023

Мицкоски: Владата на СДСМ и ДУИ им се одмаздува на охриѓани бидејќи дадоа поддршка на Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ во 2021 година и во ек на туристичка сезона им го затвора влезот

Посебно е шокантна состојбата бидејќи во екот на туристичката сезона буквално е затворен влезот во најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид. И тоа што го прави владата само покажува дека станува збор за ненародна влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како ја коментира одлуката за затворање на влезот на Охрид.

Мицкоски посочи дека владата на ДУИ и СДСМ ги казнува граѓаните бидејќи на локалните избори во 2021 година огромна поддршка дадоа за Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ.

Владата во сред туристичка сезона ги казнува охриѓани за тоа што на локалните избори во 2021 година дадоа огромна поддршка за Кирил Пецаков и за ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не се виновни што тие се криминални политичари и што оваа влада предводена од ДУИ а поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ се криминалци и што народот сака што побрзо да си заминат и никој од нив не е виновен затоа што овие луѓе се тотално неспособни. И сета своја неспособност, гнев и обид да му се реваншираат на народот во Охрид тие го покажуваат сега на отворена сцена затворајќи го влезот во нашиот најголем туристички центар Охрид во екот на туристичката сезона, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека владата на СДСМ и ДУИ е влада полна со гнев и се одмаздува кон граѓаните и затоа на следните избори ќе доживее дебакл.

Ете со таква влада ние денеска имаме работа. Влада која што е целосно полна со гнев и влада која што им се одмаздува на сопствените граѓани затоа што дебакл ќе доживее на следните парламентарни избори, дециден е Мицкоски.