28.08.2023

Мицкоски: Владата да го почитува Колективниот договор на наставно образовниот кадар, се останато е политички спин и гимнастика која за жал се повеќе го прави тежок животот на наставниците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната посета во општина Берово одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира најавите за штрајк на просветните работници пред почетокот на учебната година рече дека наставно образовниот кадар наместо да се насочи на едукација на учениците, мора да се бори како да го преживее месецот поради ниските примања, односно како што вели тој додека на дневна основа владата дели милионски тендери во четири очи, стандардот на наставниците и професорите е на удар.

Мојот коментар е дека се потешко се живее. Можам да кажам дека и моето семејство на одреден начин е семејство кое е поврзано со образовниот процес, знаете јас сум професор на универзитетот Св.Кирил и Методиј, а мојата сопруга исто така е професорка во скопската гимназија Орце Николов. И од прво лице сум запознае со тешката состојба на наставно образовниот кадар во училиштата, во основните и средните, но и на факултетите, но и оние коишто се во градинките, односно предшколската возраст. Така што сето она кое што се случуваше изминатиот период зададе навистина жесток удар врз стандарот на тие луѓе и буквално ние сме доведени до една ситуација кога тие наместо да ги образуваат , наместо да ги едуцираат нашите деца, тие едвај се борат како да го преживеат месецот од први до први. А во исто време сведоци сме како владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа дели тендери во 4 очи, на дневна основа се исплаќаат милиони за проекти кои што воопшто и не се случуваат, како што е оној фамозен проект за коридорите 8 и 10д, истакна тој.

Мицкоски рече дека потребно е почитување на Колективниот договор од страна на владата и министерството, се со цел да се врати нивното изгубено достоинство.

Така што почитување на колективниот договор кој што е презема обврска од страна на владата, е основен предуслов за колку толку се врати достоинството кај овие луѓе. Но, за жал тоа не се случува, континуирано тие се жртва на манипулација од страна на владата. И јас како еден од нив, барам од страна на владата само да се почитуваат правата на наставно образовниот кадар и да се почитува Колективниот договор. Се останато е само обичен политички спин и една гимнастика која за жал се повеќе го прави тежок животот на наставниците и професорите и тие наесто да образуваат ќе се борат како да преживеат во месецот, дециден е Мицкоски.