Апелирам и до владата и до градот Скопје и до одговорните лица во ЈП Комунална хигиена да ја остават политиката на страна, да бидат над ситуацијата, да ја остават фрустрацијата и егото. Можам да ги разберам, но не можам да ги оправдам, затоа што скопјани заслужуваат чист град, хигиена која одговара на 21 век и на потребите на еден главен град, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Бутел одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со сметот кој настана поради град Скопје и ЈП Комунална хигиена.
Мицкоски ги повика да ја остават политиката на страна и приоритет да биде чистотата во градот и скопјани.
– Оставете ја политиката, дајте да го исчистиме градот срамота е ова што се случува, после тоа ќе разговараме за се, има време за политика и политиканство, има време за се друго. Сега прв приоритет треба да биде чист град и услуга онаква каква што заслужуваат скопјани, впрочем каква што тие плаќаат, рече Мицкоски.