Жалам за изгубените човечки животи, ова нема да ги врати, но уште повеќе ќе ја зголеми болката, бидејќи овие луѓе кои што се предмет на овој кривичен прогон, можеби се на дното на пирамидата на одговорност. Вистинските кои што треба да понесат одговорност, за жал, не се вклучени во овој кривичен прогон, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Кавадарци каде што присуствуваше на пуштање на капитални проекти, при што од новинарите беше запрашан дали смета дека со вчера поднесеното обвинението за палењето на тетовската модуларна болница, за двајцата тогашни директори и еден доктор, ќе биде задоволена правдата и ќе се дојде до вистинска разрешница на случајот?
Мицкоски истакна дека поднесувањето на обвинение за овој случај замо за три лица, кои можеби се на дното на пирамидата на одговорност, само ќе ја зголеми болката на луѓето кои во таа трагедија ги загубија своите најблиски.
„Жалам низ сето она што поминаа тие луѓе кои што ги загубија своите најблиски таму и жалам што, повторно, власта некако, според онаа народната, удира по самарот и не ги бара вистинските виновници за сето ова“, рече Мицкоски.
Посочи дека ова е последица на трулиот систем во кој живееме и функционираме и токму поради тоа потребни се предвремени парламентарни избори, за да дојде нова влада и луѓе кои ќе ја водат Македонија во насока во која што ќе има одговорност за вистинските сторители.
„Тоа е последицита од овој трул систем во кој што ние живееме и функционираме и затоа се потребни промени и затоа се потребни предвремени избори, за да дојде Влада и луѓе кои што ќе ја водат Македонија во насока во која што ќе има одговорност и нема да важи онаа народната, да удриме по самарот. Туку да го најдеме вистински одговорниот кој што направил протусти за да се изгубат сите оние трагични човечки животи. И затоа не треба да не чуди, зошто изминатиот период ни се случуваше Ласкарци, па ни се случуваше во близина на Софија онаа несреќа на Беса травел, само поради трулиот систем и поради обидот да се обезбеди политичка неказнивост за луѓе кои што, очигледно, се виновни и се удира по самарот“, истакна претседателот Мицкоски.


