07.10.2022

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција, криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најефтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh.

Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани:Србија 58,9 €/MWhБиХ 73,3 €/MWhТурција 74,8 €/MWhКосово 55,5 €/MWhЦрна Гора 79,2 €/MWh
Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година.

Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари. Одговорност ќе има… доаѓа денот! 


https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid0SD8exKhnuroTGHMR2Pv1i4KvgjhEe27sQ71QopE4zE1ja8vUV7SN1N69NpdA2GoPl