21.09.2023

Мицкоски:СДСМ повторно осудена дека клевети и шири лажни вести, овој пат за пречистителната станица

Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене.Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02VrkxkHw9QgQC2qWbJ9RVkNokWs1bV6LAYpR59yKcjtiHfsYf8fsJ8hQ9Z4T5yS2Gl