04.12.2022

Митева: Огромен број граѓани на Свети Николе предложија идеи за проекти, голем број се реални и возможни и ќе бидат опфатени со буџетот за 2023

Во Свети Николе, огромен број на граѓани ова неделно попладне го искористија да се вклучат и да предложат идеја која сакаат да биде реализирана во 2023 година.

Дејан Владев – Градоначалник на Општина Свети Николе и советниците се согласија со поголемиот број на граѓани дека нивните проекти се реални и возможни, и дека голем број ќе бидат имплементирани во буџетот и реализирани во претстојната буџетска година.

Радува фактот што голем број наши сограѓани го поздравија ваквиот начин на работење. Ги уверувам сите наши сограѓани, дека ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира и во владата.
БИДИ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ

https://www.facebook.com/MariJaMiteva91/posts/pfbid022UgPgYjt7p9wLgX7HXqicL3ZhaZeguDgA9LbuhW2rYFXVTxrirU7yocHJV3erZqal