Од секогаш се борев за Македонија, државата ми е водилка и чест ми е кога народот ме бира, но сега честа е неизмерна, затоа што ќе раководам со министерството во кое секој еден припадник е спремен да даде се за Македонија.
Гордост е да се биде на чело на Министерството за одбрана. Уште поголема е обврската.
Со години Армијата беше оставена на маргините. Време е тоа да се промени.
Ветувам враќање на достоинството на Армијата. Ветувам инвестиции во објектите на АРМ, нова опрема, подобри услови за работа, поголеми плати. Ветувам дека ќе се грижам за луѓето кои се грижат за нас целиот свој живот.
Ќе се ангажирам посветено. Армијата ќе биде огледало за државата. Како НАТО членка треба да знаеме дека Армијата е најголем амбасадор на државата, од семинари, до обуки, тренинзи и вежби со сојузничките армии.
Македонија ќе биде горда на својата Армија. Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме.