Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиотмакедонски народ за огромната поддршка што ни јададе на изборите за да направиме историска победа ишансата да работиме за нашата Татковина.
Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда.
Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија.
Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана.
Односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност.
Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија.
Линк од ФБ објава на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: