09.08.2023

Министерството за здравство покажува дека е всушност министерство за политиканство, наместо професионалност и одговори за јавноста, користат само празни флоскули

Здравствените власти и нивното однесување е на штета на здравјето на граѓаните.Најдобар доказ за тоа што денес министерството за здравство покажа дека освен со политиканство, не го интересира професионалност, ниту транспарентноста, иако устите им се полни со наводна и лажна транспарентност.Наместо одговори од експерти во областа, денес покажаа дека се всушност политички циркузанти кои се неспособни да дадат стручни одговори за да ги смират граѓанитеПотребно е да се даде одговор на неколку прашања.
Каде е директорката на Инфективна клиника?
Каде е министерот за здравство?Потребно е да дадат одговор на прашањата поврзани со начинот на лекување и дали има соодветни лекови за овој вид на треска.
Со која антивирусна терапија ја лекуваат вработената на Инфективна клиника која е заразена?
Дали имаат антивирусни лекови за конго хеморагичната треска?
Дали е точно дека допрва ги набавуваат потребните антивирусни лекови за овој вид треска?Политичките циркузанти, неспособни да дадат одговори со аргументи и стручни факти, потребно е веднаш да заминат со отровот што во себе го носат во комбинација со неспособноста и незнаењето. Ова е неопходно за да се рестартира здравствениот систем!